Uncategorized

Uncategorized

Lashkoska – Esen (UNEP): Strengthening the Partnership for a Green Transition, a Sustainable Future, and a Competitive Economy

Скопје,12.02.2026г – Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, оствари работен состанок со Ерсин Есен, раководител на проекти во Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) за Европа и Западна Азија. Средбата се одржа во духот на продлабочување на институционалната и меѓународната соработка, со акцент на интегриран пристап во справувањето со еколошките предизвици и усогласувањето со европските и глобалните агенди за одржлив развој, вклучително и Зелената агенда и целите на Европскиот зелен договор. На состанокот беше направен осврт на досегашната успешна соработка меѓу Министерството и UNEP, при што беше разгледан напредокот во реализацијата на тековните заеднички проекти, вклучително и проектите финансирани преку Глобалниот еколошки фонд (GEF), кои придонесуваат за подобрување на управувањето со природните ресурси, јакнење на институционалните капацитети и поддршката на зелените инвестиции во државата. „Партнерството со UNEP претставува важен сегмент од нашата стратегија за модернизација на еколошките политики и целосно усогласување со европското законодавство. Преку заедничките иницијативи создаваме системски и долгорочни решенија кои ја зајакнуваат отпорноста на институциите и носат конкретни придобивки за граѓаните“, истакна заменик министерката Лашкоска. Зелената транзиција не е избор, туку стратешка насока за одржлива иднина и конкурентна економија. Министерството за животна средина и просторно планирање ја гледа соработката со UNEP како стратешки механизам за позиционирање на државата како активен и одговорен партнер во исполнувањето на глобалните цели за одржлив развој и во забрзувањето на европската зелена трансформација.

Uncategorized

HODXA IN TIRANA: CORRIDOR 8 – A PILLAR OF REGIONAL DEVELOPMENT AND EUROPEAN INTEGRATION

Тирана, 18.02.2026  Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес  го отвори Министерскиот форум за Коридорот 8, кој се одржа во Тирана со учество на делегации од домаќинот Албанија, Северна Македонија, Бугарија, Италија и од Романија, како и претставници од партнерски земји. Форумот послужи како платформа на високо ниво за продлабочување на меѓудржавната соработка и за забрзување на развојот на Коридорот 8, како стратешка артерија за модерен транспорт, за економски развој и за регионална безбедност, истовремено зајакнувајќи ја интеграцијата и поврзаноста со главните европски коридорски мрежи. Во своето обраќање, министерот Хоџа истакна дека Коридорот 8 е многу повеќе од инфраструктурен проект- тој претставува развојна визија што го поврзува Јадранското со Црното Море и создава нови мостови на соработка меѓу економиите и народите во регионот. „Коридор 8 претставува трансформативна развојна оска со длабоко економско, геополитичко и еколошко значење“, истакна министерот Хоџа. Тој нагласи дека унапредувањето на овој коридор е директен дел од агендата за европската интеграција, со што се зголемува конкурентноста на државата и се зајакнуваат врските со европските транспортни и енергетски мрежи. Министерот потенцираше дека инфраструктурниот развој мора да оди паралелно со еколошката одговорност, со почитување на стандардите за заштита на животната средина и биодиверзитетот. Форумот обедини претставници на јавни институции, европски институции, меѓународни финансиски институции и бизнис-заедницата, со цел унапредување на дијалогот за инвестиции, олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста долж Коридор 8, претворајќи го во нов мотор на развој и просперитет за регионот.

Scroll to Top