Author name: user22

Uncategorized

Лашкоска – Есен (UNEP): Зајакнување на партнерството за зелена транзиција, одржлива иднина и конкурентна економија

Скопје,12.02.2026г – Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, оствари работен состанок со Ерсин Есен, раководител на проекти во Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) за Европа и Западна Азија. Средбата се одржа во духот на продлабочување на институционалната и меѓународната соработка, со акцент на интегриран пристап во справувањето со еколошките предизвици и усогласувањето со европските и глобалните агенди за одржлив развој, вклучително и Зелената агенда и целите на Европскиот зелен договор. На состанокот беше направен осврт на досегашната успешна соработка меѓу Министерството и UNEP, при што беше разгледан напредокот во реализацијата на тековните заеднички проекти, вклучително и проектите финансирани преку Глобалниот еколошки фонд (GEF), кои придонесуваат за подобрување на управувањето со природните ресурси, јакнење на институционалните капацитети и поддршката на зелените инвестиции во државата. „Партнерството со UNEP претставува важен сегмент од нашата стратегија за модернизација на еколошките политики и целосно усогласување со европското законодавство. Преку заедничките иницијативи создаваме системски и долгорочни решенија кои ја зајакнуваат отпорноста на институциите и носат конкретни придобивки за граѓаните“, истакна заменик министерката Лашкоска. Зелената транзиција не е избор, туку стратешка насока за одржлива иднина и конкурентна економија. Министерството за животна средина и просторно планирање ја гледа соработката со UNEP како стратешки механизам за позиционирање на државата како активен и одговорен партнер во исполнувањето на глобалните цели за одржлив развој и во забрзувањето на европската зелена трансформација.

Uncategorized

ХОЏА ВО ТИРАНА: КОРИДОР 8 – СТОЛБ НА РЕГИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ И ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Тирана, 18.02.2026  Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес  го отвори Министерскиот форум за Коридорот 8, кој се одржа во Тирана со учество на делегации од домаќинот Албанија, Северна Македонија, Бугарија, Италија и од Романија, како и претставници од партнерски земји. Форумот послужи како платформа на високо ниво за продлабочување на меѓудржавната соработка и за забрзување на развојот на Коридорот 8, како стратешка артерија за модерен транспорт, за економски развој и за регионална безбедност, истовремено зајакнувајќи ја интеграцијата и поврзаноста со главните европски коридорски мрежи. Во своето обраќање, министерот Хоџа истакна дека Коридорот 8 е многу повеќе од инфраструктурен проект- тој претставува развојна визија што го поврзува Јадранското со Црното Море и создава нови мостови на соработка меѓу економиите и народите во регионот. „Коридор 8 претставува трансформативна развојна оска со длабоко економско, геополитичко и еколошко значење“, истакна министерот Хоџа. Тој нагласи дека унапредувањето на овој коридор е директен дел од агендата за европската интеграција, со што се зголемува конкурентноста на државата и се зајакнуваат врските со европските транспортни и енергетски мрежи. Министерот потенцираше дека инфраструктурниот развој мора да оди паралелно со еколошката одговорност, со почитување на стандардите за заштита на животната средина и биодиверзитетот. Форумот обедини претставници на јавни институции, европски институции, меѓународни финансиски институции и бизнис-заедницата, со цел унапредување на дијалогот за инвестиции, олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста долж Коридор 8, претворајќи го во нов мотор на развој и просперитет за регионот.

Аерозагадување

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

Скопје, 16.02.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од г-ѓа Карол Мегеванд, на која беше разговарано за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на управувањето со квалитетот на воздухот. На средбата беше констатирано дека во моментов се имплементираат повеќе значајни проекти насочени кон подобрување на состојбата со аерозагадувањето, но дека останува потребата од дополнителни инвестиции. Министерот Хоџа истакна дека негова цел е системска промена во справувањето со аерозагадувањето , како клучен приоритет во неговата работа и во работата на Министерството. Тој нагласи дека долгорочните и одржливи решенија бараат силно партнерство со меѓународните институции и континуирана поддршка во спроведувањето на реформите. Во таа насока, Хоџа изрази подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката со Светската банка, нагласувајќи дека отворената комуникација ќе продолжи и во иднина, со заедничка цел – подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните. Министерот посочи дека Министерството и Владата континуирано работат на унапредување на квалитетот на воздухот преку Акцискиот план за чист воздух, Програмата за периодот 2024–2030, како и преку тековните проекти финансирани преку ИПА 2 и ИПА 3. Притоа, беше истакнато дека останува потребата од дополнителни инвестиции и засилена техничка поддршка, за да се намали загадувањето и да се обезбеди чиста животна средина за сите граѓани.

Scroll to Top