Хоџа-Јаупај: Јакнење на координираната заштита на прекуграничните подрачја
Тирана, 18.02.2026 Во рамки на Министерскиот форум за Коридор 8 во Тирана, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се сретна со министерот за животна средина на Република Албанија, Софјан Јаупај.
Министерот Хоџа на средбата ја истакна важноста од заедничка координација во заштитата на прекуграничните подрачја и во спроведувањето на европските стандарди за зачувување на биодиверзитетот и справување со климатските предизвици. Тој нагласи дека регионалната соработка е клучна за обезбедување одржлив развој и за забрзување на европската интеграција на земјите од регионот.
На средбата се разговараше за зајакнување на соработката меѓу двете земји во областа на заштитата на животната средина, управувањето со природните ресурси, третманот на отпадот, како и за унапредување на заедничките проекти во рамки на европската зелена агенда.
Контакт за проектот
Остави порака за дополнителни информации (демо форма).
