



Почвата настанува под влијание на педогенетски процеси, кои зависат од релјефот, геолошката подлога, климата и растителниот свет. Поради нивното долготрајно дејство, како и поради влијанието на човекот, почвите со текот на времето се менувале и достигнале различен степен на развој. Во Република Македонија постои голема разновидност и мозаичност на почвениот покривач, со повеќе од 30 почвени типови.
Регулативи за почвата |
Формирањето на почвата е екстремно бавен процес и поради тоа почвата може да се смета како необновлив ресурс.
Почвата е динамичен и комплексен систем со клучна улога за човекот и екосистемите. Таа обезбедува храна и суровини, служи како основа за човековите активности, живеалиште за бројни организми и резервоар на јаглерод. Исто така, почвата ги филтрира и трансформира водата и хранливите материи.
Регулативи
Законот за животната средина
Законот за заштита на природата
Законот за земјоделско земјиште
Закон за измени на законот за шуми
Законот за просторно и урбанистичко планирање
Закон за изменување и дополнување на законот за шумите
Законот за шуми
Потребата од заштита на почвата и интегрираното управување со почвата се изнесени во Вториот Национален еколошки акционен план на Република Македонија 2006 |
Република Македонија ја ратификуваше во 2002 год. Конвенцијата на Организацијата на Обединетите Нации за борба против опустинувањето, особено во земјите кои се соочуваат со сериозни суши – United Nation Convention to Combat Desertification (UNCCD).
Протоколот од Кјото укажува на тоа дека почвата претставува главно депо на јаглерод кое треба да се заштити и да се зголеми ако е возможно. Одделувањето на јаглерод во земјоделските почви со одредени управувачки практики може да допринесе за намалување на климатските промени. Република Македонија ја ратификуваше Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени – United Nations Framework Convention on Climate Change (UNFCCC) во 1997 год. и го ратификуваше протоколот од Кјото во 2004 год.
Конвенцијата за биолошка разновидност – Convention on Biological Diversity (UNCBD), Република Македонија ја ратификуваше во 1997 год.
