Квалитет на водотеците од здравствено – еколошки аспект

Согласно Законот за води органите надлежни за здравствената заштита се должни за вршење на мониторинг на водите наменети за консумирање од страна на човекот и водите за капење и за преземање мерки за активна заштита на населението против заразни и други болести со висока социјална и здравствена релевантност. Овие заводи вршат микробиолошки, паразитолошки, хигиенски, токсиколошки и биохемиски анализи од делокругот на нивната дејност.

Хидролошка состојба на реките и природните езера

Хидролошката состојба на реките и езерата се следи од страна на Управата за хидрометеоролошки работи на дефинираните мерни места преку следење напроток на реки и водостој на природните езера. Податоците од мониторингот на хидролошките параметри може да ги најдете во продолжение:

Физичко-хемиски истражувања на Охридско Езеро

Податоците за квалитетот на водата во Охридското Езеро ги обезбедува Хидробиолошкиот завод од Охрид, преку мониторинг на пелагијалот на едно мерно место со десет длабочини. Континуирано се следат физичко-хемиски параметри како температура, проѕирност, pH, алкалност, кислород, органски материи, азотни соединенија и вкупен фосфор.

Регулативи

Закон за води
Законот за водите е рамковен закон што воспоставува интегрирана и сеопфатна правна рамка за управување, користење и заштита на водните ресурси, изработен по пример на западноевропските закони. Тој ги опфаќа користењето на водите, заштитата и контролата на загадувањето, како и заштитата од штетното дејство на водите, при што ги пренесува клучните барања од релевантните директиви на ЕУ. Целта е обезбедување доволни количества квалитетна вода, унапредување и заштита на водните екосистеми и регулирање на правата и обврските за користење и загадување на водите.
Програмата за управување со водите за 2019 година
Врз основа на член 218 став (1) од Законот за водите (Службен весник на Република Македонија бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13, 180/14, 146/15 и 52/16) Владата на Република Македонија на седницата одржана на 8.1.2019 година донесе ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИТЕ ЗА 2019 ГОДИНА.
 
Според хидрографската состојба во Република Македонија, постојат четири подрачја на речени сливови (Вардар, Црн Дрим, Струмица и Јужна Морава) и три природни езера (Охридско Езеро, Преспанско Езеро и Дојранско Езеро)

Најголем дел од водите се домицилни, формирани на територијата преку врнежи. Република Македонија не е богата со површински води и тие главно зависат од појавата, времетраењето и интензитетот на врнежите.

Како резултат на морфолошката, хидрогеолошката и хидро-географската структура на релјефот, површинските теченија брзо втекуваат во хидрографската мрежа (реките, потоците и езерата) и водата истекува надвор од земјата. Единствени исклучоци се карстните области, каде што водата се задржува подолго време под површината и ги прихранува протечните води од речната мрежа.

Во рамки на RIMSYS програмата се дефинирани 20 мерни места на реките и параметрите кои се следат.

Континуирано се следат органо лептичките, минерализационите, кислородните и показaтелитенакиселост, еутрофикационитедетерминанти, органскимикрополутанти,  штетни и опaсниматерии, биолошкиелементи(Состав и изобилство на акватична флора и Состав и изобилство на бентосна инвертебратна фауна) на следните мерни места:

СтаницаРека
Света БогородицаТреска
Граница, Влив ЛепенецЛепенец
Радуша, Таор, Ногаевци, Демир Капија, Гевгелија, Башино СелоВардар
Пелинце, Катлановска БањаПчиња
ТрновецКрива Река
БалванБрегалница
БродЕлешка
Скочивир, ВозарциЦрна Река
Ново СелоСтрумица
ХЕ ШпиљјеЦрн Дрим
Бошков МостРадика

Обрасци

Образец на барање за издавање дозвола за испуштање
Овој образец се користи за поднесување барање за добивање дозвола за испуштање отпадни води или други супстанции во површински или подземни води. Со него се обезбедува контрола и заштита на водите од загадување, во согласност со законските прописи.
Образец на барање за издавање дозвола за користење на водата
Овој образец служи за остварување на правото на користење на водните ресурси за различни намени, како водоснабдување, наводнување или индустриска употреба. Со издавањето на дозволата се обезбедува рационално и одржливо користење на водата.