Лашкоска – Есен (UNEP): Зајакнување на партнерството за зелена транзиција, одржлива иднина и конкурентна економија
Скопје,12.02.2026г – Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, оствари работен состанок со Ерсин Есен, раководител на проекти во Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) за Европа и Западна Азија.
Средбата се одржа во духот на продлабочување на институционалната и меѓународната соработка, со акцент на интегриран пристап во справувањето со еколошките предизвици и усогласувањето со европските и глобалните агенди за одржлив развој, вклучително и Зелената агенда и целите на Европскиот зелен договор. На состанокот беше направен осврт на досегашната успешна соработка меѓу Министерството и UNEP, при што беше разгледан напредокот во реализацијата на тековните заеднички проекти, вклучително и проектите финансирани преку Глобалниот еколошки фонд (GEF), кои придонесуваат за подобрување на управувањето со природните ресурси, јакнење на институционалните капацитети и поддршката на зелените инвестиции во државата.
Контакт за проектот
Остави порака за дополнителни информации (демо форма).
