Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето
Скопје, 16.02.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од г-ѓа Карол Мегеванд, на која беше разговарано за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на управувањето со квалитетот на воздухот.
Опис на проектот
На средбата беше констатирано дека во моментов се имплементираат повеќе значајни проекти насочени кон подобрување на состојбата со аерозагадувањето, но дека останува потребата од дополнителни инвестиции. Министерот Хоџа истакна дека негова цел е системска промена во справувањето со аерозагадувањето , како клучен приоритет во неговата работа и во работата на Министерството. Тој нагласи дека долгорочните и одржливи решенија бараат силно партнерство со меѓународните институции и континуирана поддршка во спроведувањето на реформите.
Контакт за проектот
Остави порака за дополнителни информации (демо форма).
