НАДМИНАТ ПРАГ НА АЛАРМИРАЊЕ
(19.12.2025) Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат.
Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).
Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мернoто место и деновите каде има појава на надминување на праг на алармирање.
Центар | Гази Баба | Карпош | Лисиче | Ректорат | |
17/12/2025 | 151.78 | 156.55 | 152.69 | 232.26 | 179.25 |
18/12/2025 | 186.49 | 178.92 | 180.87 | 266.60 | 186.70 |
*концентрациите се изразени во mg/m3
НАДМИНАТ ПРАГ НА АЛАРМИРАЊЕ ВО КИЧЕВО И СТРУМИЦА
(18.12.2025) Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 µg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Кичево и Струмица.
Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).
Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мернoто место и деновите каде има појава на надминување на праг на алармирање.
Датум | Кичево | Струмица |
16/12/2025 | 181.82 | 153.11 |
17/12/2025 | 175.40 | 156.986 |
*концентрациите се изразени во µg/m3
Скопје, 28.10.2025 Во врска со појавата на пластичен амбалажен отпад во реката Вардар и другите поголеми и помали водотеци, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека причините за ваквата состојба се должат на незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите, особено во руралните средини.
Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина континуирано укажуваат преку ЗЕЛС на потребата од постојано следење на состојбите со управувањето со отпадот и засилено присуство на општинските инспектори на терен.
Во моментов, Државниот инспекторат за животна средина е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување на единствен систем на инспекциски надзор.
Министерството за животна средина и просторно планирање апелира до единиците на локалната самоуправа, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка одговорност и делување во насока на зачувување на чистотата на реките и водните текови.
