








Министерството учествува и во програмите за регионална соработка и европски проекти како што се Interreg Europe, кои имаат за цел да ги подобрат политиките за зелена Европа и одржлив развој преку размена на знаења, примери на добра пракса и зајакнување на институционалните капацитети.
Во рамки на климатските активности, Министерството работи на развој и имплементација на стратегиски документи и акциски планови за заштита на воздухот и намалување на емисиите на штетни гасови, вклучително и прецизно известување за националните климатски инвентарни податоци.
Европски планови и иницијативи
Министерството активно учествува во спроведување на низа европски и меѓународни планови, проекти и иницијативи, со цел унапредување на животната средина, приспособување на климатските промени и усогласување со европските стандарди и регулативи. Во рамките на процесот на европска интеграција, Министерството координира усвојување и транспонирање на законодавството на Европската Унија во областа на животна средина и климатски промени, познато како „Поглавје 27“, со што директно придонесува кон исполнување на критериумите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.
Покрај тоа, Министерството соработува со меѓународни и мисии како што се поддршка за усогласување со правото на ЕУ и регионални проекти за заштита на биодиверзитетот и одржливо управување со земјиштето, преку активности финансирани од европски фондови и партнерства со соседните земји.
