Почвата настанува под влијание на педогенетски процеси, кои зависат од релјефот, геолошката подлога, климата и растителниот свет. Поради нивното долготрајно дејство, како и поради влијанието на човекот, почвите со текот на времето се менувале и достигнале различен степен на развој. Во Република Македонија постои голема разновидност и мозаичност на почвениот покривач, со повеќе од 30 почвени типови.

Регулативи за почвата |

Формирањето на почвата е екстремно бавен процес и поради тоа почвата може да се смета како необновлив ресурс. 

Почвата е динамичен и комплексен систем со клучна улога за човекот и екосистемите. Таа обезбедува храна и суровини, служи како основа за човековите активности, живеалиште за бројни организми и резервоар на јаглерод. Исто така, почвата ги филтрира и трансформира водата и хранливите материи. 

Регулативи

Законот за животната средина
Го уредува системот за заштита и унапредување на животната средина, вклучувајќи ја и почвата како важен природен ресурс.
Законот за заштита на природата
Обезбедува заштита на природните вредности и биолошката разновидност, со што индиректно придонесува за зачувување на почвите.
Законот за земјоделско земјиште
Го регулира користењето, заштитата и управувањето со земјоделското земјиште со цел спречување на негова деградација.
Закон за измени на законот за шуми
(Сл. Весник бр.07/2000 од 01.02.2000) - Ги ажурира одредбите на Законот за шуми со цел поефикасна заштита и користење на шумските ресурси.
Законот за просторно и урбанистичко планирање
(Сл. Весник 52/05) - Го уредува планирањето на просторот со цел рационално користење на земјиштето и спречување на деградација на почвата.
Закон за изменување и дополнување на законот за шумите
(Сл. Весник бр.54/07 од 03.05.2007) - Внесува измени за подобрување на управувањето со шумите и нивната заштитна функција врз почвата.
Законот за шуми
(Сл. Весник на Р.М. бр. 47/97, 2/00, 89/04, 54/07, 103/08) - Го уредува управувањето и заштитата на шумите, кои имаат значајна улога во заштитата на почвата од ерозија.

Потребата од заштита на почвата и интегрираното управување со почвата се изнесени во Вториот Национален еколошки акционен план на Република Македонија 2006 |

Република Македонија ја ратификуваше во 2002 год. Конвенцијата на Организацијата на Обединетите Нации за борба против опустинувањето, особено во земјите кои се соочуваат со сериозни суши – United Nation Convention to Combat Desertification (UNCCD).

Протоколот од Кјото укажува на тоа дека почвата претставува главно депо на јаглерод кое треба да се заштити и да се зголеми ако е возможно. Одделувањето на јаглерод во земјоделските почви со одредени управувачки практики може да допринесе за намалување на климатските промени. Република Македонија ја ратификуваше Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени – United Nations Framework Convention on Climate Change (UNFCCC) во 1997 год. и го ратификуваше протоколот од Кјото во 2004 год.

Конвенцијата за биолошка разновидност – Convention on Biological Diversity (UNCBD)Република Македонија ја ратификуваше во 1997 год.