Отпад од рудниците и кеменоломите

Отпадот од рудниците и каменоломите може да препокрие голема површина на земјиште и да има штетно влијание врз воздухот, водата и почвата освен ако не е добро управуван. 

Различни активности во рударството и каменоломите резултираат со значајни количини на неупотребени материјали, од различна природа и со различна потенцијална опасност.

Отпад од продукција на електична енергија

Количината на отпадот од трансформација на енергијата зависи од употребеното гориво, но некои податоци за количината на создадениот отпад може да произлезат од количината на продуцираната електрична енергија.

Хидроелектраните и електраните кои работат на гас не генерираат цврст отпад. Додека термоелектраните кои работат на јаглен и други фосилни горива продуцираат голема количина на отпад како пепел и друго. Тоа значи дека поместување на производството на електрична енергија кон почисти и обновливи извори за производство на енергија ќе резултира со редукција на количеството на отпадот.

Опасен отпад

Опасен отпад е отпадот што содржи супстанции кои имаат едно или повеќе својства како што се: експлозивност, реактивност, запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност итн. 

Како резултат на опасните супстанции кои ги содржи опасниот отпад тој претставува сериозен ризик за животната средина  и здравјето на луѓето ако не се управува со него правилно и безбедно. Одредени сектори во економијата продуцираат опасен отпад, а како најголем меѓу нив е производствената индустрија. Како што е случајот и со останатиот отпад, така и со опасниот отпад, воспоставувањето на законска регулатива, соодветна обука на персонал за управување со истиот, како и зголемување на јавната свест се главните елементи за безбедно управување со опасниот отпад.

Регулативи

1. Законот за животна средина
Со овој закон се уредуваат правата и должностите на Република Северна Македонија, на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, како и правата и должностите на правните и на физичките лица, во обезбедувањето услови за заштита и за унапредување на животната средина.
2. Закон за управување со отпад
Со овој закон се врши усогласување со Директивата 2008/98/ЕС на Европскиот Парламент и на Советот од 19 Ноември 2008 за отпад и укинување на одредени директиви (CELEX бр. 32008L0098).
Базелската Конвенција во врска со контролата врз прекуграничните загадувања со опасен отпад и негово депонирање
Basel Convention on the Control of Transboundary movements of Hazardous wastes and Their Disposal. Конвенцијата е ратификувана со Закон за ратификација објавен во (Службен весник на Р.М. 49/97)
Амандман на Базелската Конвенција во врска со контролата врз прекуграничните загадувања со опасен отпад и негово депонирање и Амандман на АнексⅠ АнексⅧ и АнексⅨ
Amendment to the basel Convention on the Control of Transboundary Movements of Hazardous Wastes and Their Disposal. Амандманите се ратификувани со Закон за ратификација (Службен весник на Р.М. бр. 49/04)
3. Стратегија за управување со отпад на Република Македонија (2008-2020) година
(Службен весник на Р.М. бр. 39/08)
4. Национална стратегија за одржлив развој во Република Македонија (2009-2030)
Подобра иднина преку Промени - користење на нашето богато општествено, културно и природно наследство на урамнотежен начин
5. Закон за управување со пакување и отпад од пакување
Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето кои треба да ги исполнува пакувањето при производство.
6. Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори
Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето што треба да се исполнат при производство на батерии.
7. Управување со електрична и електронска опрема
Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето преку спречување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со отпадната електрична.
8. Закон за управување со дополнителни текови на отпад
Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето преку спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со отпаден текстил.
9. Закон за проширена одговорност на производителите за управување со посебните текови на отпад
Со овој закон се уредува видот на одговорноста на производителите по завршувањето на фазата на консумирање на производите што ги пуштиле на пазарот во Република Северна Македонија.

Отпад

Глобалните еколошки проблеми во голема мера произлегуваат од прекумерната експлоатација на природните ресурси и од неодржливиот модел на економски развој, кој создава големи количини отпад и загадување. Многу ресурси се користат краткорочно и потоа се губат преку депонирање, што предизвикува дополнителен притисок врз животната средина.

Како одговор на овие предизвици се развива концептот на циркуларна економија, кој има за цел поефикасно користење на ресурсите, намалување на отпадот и задржување на вредноста на материјалите што е можно подолго. Управувањето со отпадот е клучен дел од овој концепт.

Во Северна Македонија, законските регулативи за управување со отпадот се усогласени со Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан, со цел подобра заштита на животната средина, зголемување на рециклирањето и ограничување на депонирањето.

image-assetimage-asset

Обрасци

Водич за постапка за регистрација
Овој водич ги опишува сите чекори кои треба да се преземат за регистрација на постапувач со отпад. Во него се наведени потребните документи, рокови и надлежни институции вклучени во постапката.
Документи за дозвола за КОЛЕКТИВЕН ПОСТАПУВАЧ
Оваа секција ги содржи сите документи потребни за добивање дозвола за колективен постапувач со отпад. Документите опфаќаат основачки акти, договори со членови, програми за управување со отпад и друга задолжителна документација.
Документи за дозвола за САМОСТОЕН ПОСТАПУВАЧ
Овде се објавени документите кои се потребни за правни субјекти кои самостојно постапуваат со отпад. Тие вклучуваат барања, изјави, технички податоци и докази за исполнување на законските услови.
Документи за согласност за увоз, извоз и транзит на отпад
Оваа категорија ги опфаќа документите потребни за добивање согласност за прекугранично движење на отпад. Постапката се спроведува во согласност со важечките национални прописи и меѓународни договори.
Документи за барање за добивање на дозвола за увоз, извоз и транзит на опасен отпад
Оваа категорија ги опфаќа документите кои се задолжителни за поднесување барање за увоз, извоз или транзит на опасен отпад. Документацијата се поднесува согласно националните прописи и меѓународните конвенции за безбедно управување со опасен отпад.
Барање за дозвола за управување со отпад
Овој формулар се користи за поднесување барање за добивање дозвола за управување со отпад. Со барањето се доставува и целокупната пропратна документација со која се докажува исполнување на законските и техничките услови.