Се одвиваат појави кои тешко се контролираат, се испуштаат големи количини на загадувачки супстанции, појава на ефект на стаклена градина, оштетување на озонската обвивка, се зголемуваат емисиите на загадувачките супстанци. 

Ова се ефектите од пребрзиот технолошки развој, развојот на индустријата, зачестените хаварии и останатите активности диктирани од современиот живот на човекот, како и природните катастрофи (земјотреси, поплави, пожари, вулкански ерупции).

Воздух

Земајќи ги предвид сите овие показатели, односно промени на глобално ниво, потребно е да се превземат мерки за подобрување на состојбата, особено на квалитетот на воздухот.

Токму поради тоа, од особен интерес е да се располага со податоци за потеклото, застапеноста и влијанието на загадувачките супстанци присутни во воздухот, со цел да се превземат мерки за нивна редукција. Затоа, Македонскиот информативен центар за животна средина ги собира обработува и анализира податоците за емисиите во воздухот од поединечните извори како и на емисии во воздухот од сообраќајот.

РЕГУЛАТИВИ
Закони, подзаконски акти и други регулативи поврзани со заштитата на природата и биодиверзитетот. Документите обезбедуваат јасна правна рамка за постапување и се во согласност со националното законодавство и релевантните европски стандарди.
УПАТСТВА
Документи кои ги објаснуваат стандардите, процедурите и мерките за контрола и намалување на загадувањата на воздухот, со цел да се подобри квалитетот на амбиенталниот воздух
ДОЗВОЛИ
Јавни одобрувања или лиценци издадени од надлежните институции, кои ги регулираат емисиите на загадувачи и други аспекти поврзани со заштитата на амбиентниот воздух

Со цел утврдување на состојбата со концентрациите на загадувачките супстанци во амбиентниот воздух се врши редовен мониторинг со Државниот автоматски мониторринг систем за квалитет на амнбиентен воздух, како и мерните станици на други надлежни институции.

По соодветна обработка на податоците тие можат да се искористат за информирање на јавноста, подготовка на документи и превземање на акции за подобрување на квалитетот на воздухот и планови за заштита на истиот.

Регулативи

Правен механизам кој ги поставува стандардите и мерките за контрола и намалување на загадувањето на воздухот. Ова вклучува препознавање и регулирање на емисиите од индустријата, сообраќајот и други извори на загадување.

Во следните години подготвени и усвоени се четири дополнувања и измени кон истиот (Сл. Весник на РМ бр.92/07, 83/09, 35/10, 47/11) со цел усоглсување со ЕУ законадавството за воздух, а особено со Директивата за чист воздух во Европа (Директивата CAFE) која беше усвоена од Европскиот парламент во 2008 година.

Правен механизам кој ги поставува стандардите и мерките за контрола и намалување на загадувањето на воздухот. Ова вклучува препознавање и регулирање на емисиите од индустријата, сообраќајот и други извори на загадување.
Законот за квалитет на амбиентен воздух дава правен основ за регулирање на:
  • видовите на извори на загадување;
  • единствени гранични, целни вредности, праговите на информирање и алармирање;
  • управувањето со квалитет на амбиентниот воздух;
  • оценувањето на квалитетот на амбиентниот воздух;
  • планирањето на заштитата на квалитетот на амбиентниот воздух;
  • мониторингoт на квалитетот на амбиентниот воздух и на изворите на емисија