Квалитет на водотеците од здравствено – еколошки аспект
Согласно Законот за води органите надлежни за здравствената заштита се должни за вршење на мониторинг на водите наменети за консумирање од страна на човекот и водите за капење и за преземање мерки за активна заштита на населението против заразни и други болести со висока социјална и здравствена релевантност. Овие заводи вршат микробиолошки, паразитолошки, хигиенски, токсиколошки и биохемиски анализи од делокругот на нивната дејност.
Хидролошка состојба на реките и природните езера
Хидролошката состојба на реките и езерата се следи од страна на Управата за хидрометеоролошки работи на дефинираните мерни места преку следење напроток на реки и водостој на природните езера. Податоците од мониторингот на хидролошките параметри може да ги најдете во продолжение:
Физичко-хемиски истражувања на Охридско Езеро
Податоците за квалитетот на водата во Охридското Езеро ги обезбедува Хидробиолошкиот завод од Охрид, преку мониторинг на пелагијалот на едно мерно место со десет длабочини. Континуирано се следат физичко-хемиски параметри како температура, проѕирност, pH, алкалност, кислород, органски материи, азотни соединенија и вкупен фосфор.
Регулативи
Закон за води
Програмата за управување со водите за 2019 година
Најголем дел од водите се домицилни, формирани на територијата преку врнежи. Република Македонија не е богата со површински води и тие главно зависат од појавата, времетраењето и интензитетот на врнежите.
Како резултат на морфолошката, хидрогеолошката и хидро-географската структура на релјефот, површинските теченија брзо втекуваат во хидрографската мрежа (реките, потоците и езерата) и водата истекува надвор од земјата. Единствени исклучоци се карстните области, каде што водата се задржува подолго време под површината и ги прихранува протечните води од речната мрежа.
Во рамки на RIMSYS програмата се дефинирани 20 мерни места на реките и параметрите кои се следат.
Континуирано се следат органо лептичките, минерализационите, кислородните и показaтелитенакиселост, еутрофикационитедетерминанти, органскимикрополутанти, штетни и опaсниматерии, биолошкиелементи(Состав и изобилство на акватична флора и Состав и изобилство на бентосна инвертебратна фауна) на следните мерни места:
| Станица | Река |
| Света Богородица | Треска |
| Граница, Влив Лепенец | Лепенец |
| Радуша, Таор, Ногаевци, Демир Капија, Гевгелија, Башино Село | Вардар |
| Пелинце, Катлановска Бања | Пчиња |
| Трновец | Крива Река |
| Балван | Брегалница |
| Брод | Елешка |
| Скочивир, Возарци | Црна Река |
| Ново Село | Струмица |
| ХЕ Шпиљје | Црн Дрим |
| Бошков Мост | Радика |
Реката Треска
- Phone:+1 (859) 254-6589
- Email:info@example.com
Реката Вардар
- Phone:+1 (859) 254-6589
- Email:info@example.com
Реката Пчиња
- Phone:+1 (859) 254-6589
- Email:info@example.com
