Проблемот подеднакво опстојува дури и во области во кои што се трошат огромни средстава за регулирање, оценување и намалување на изворите на бучава или за создавање бариери за бучавата. На пример, огромни напори се вложуваат за намалување на сообраќајната бучава на самиот извор.

📢 Бучава

Всушност, денешните автомобили се многу потивки од тие произведени пред 10 години, но обемот на сообраќајот порасна толку многу што ефектот од тој напор се анулира и нивото на непријатна бучава се зголемува.

Производството на потивки автомобили можеби го ублажува проблемот за одреден период, но во никој случај не го отстранува. Мерењето и следењето на бучавата се потребни за постигнување и одржување на нивоа на бучава во животната средина во дефинирани области и под различни услови, со крајна цел да се заштити здравјето и добро состојбата на населението.

Регулативи

Закон за заштита од бучава
Врз основа на одредбите од Законот за бучава во животната средина во периодот од 2007 година до денес донесени се 11 подзаконски акти кои се однесуваат на индикатори за бучава, мониторинг и инспекциски надзор на бучавата во животната средина. Консолидиран текст од Законот за бучава во животната средина и подзаконските акти во целост можат да се превземат на следниот линк:
Закон за изменување на Законот за заштита од бучава во животната средина
Проблематиката во однос на штетната бучава која се емитира во животната средина во Република Македонија е регулирана со следната законска регулатива: Закон за бучава во животната средина (“Сл. Весник на РМ” 79/07, 124/2010 и 47/11) кој е потоплно во согласност со важечката регулатива на ЕУ.